Новак Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на Австралија Опен со победата над Хаиме Фариа со 3-1 (6-1, 6-7, 6-3, 6-2), но овој дуел ќе остане запишан во историјата бидејќи Србинот собори уште еден рекорд.
Имено, ова беше 430. Гренд слем меч на Ѓоковиќ во опен ерата, надминувајќи ги Роџер Федерер (429) за еден и Серена Вилијамс (423) со седум.
Српскиот тенисер држи две третини од рекордите во тенисот, од бројот на освоени Гренд слемови (24) до најголемиот број одиграни натпревари на најважните турнири. Само се чека 100. трофеј, а навивачите се надеваат дека тој ќе биде токму на Австралија опен, иако патот до крајот ќе биде многу тежок.
Новак во третото коло ќе се соочи со Томаш Махах, потоа доколку успее, го чека победникот од дуелот Јиржи Лехечак – Бенџамин Бонзи, а во четвртфиналето најверојатно ќе се соочи со Карлос Алкараз, кој игра одлично на турнирот и во третото коло ќе се сретне со Португалецот Нуно Борхес.