Манчестер Сити водеше со 2-0 на стадионот „Џи Тек“, но на крајот одиграа само 2-2 против Брентфорд. Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, не сакаше да звучи претерано разочаран по натпреварот.
Сити имаше многу шанси да го убие натпреварот и при 2:0 и 2:1, но на крајот беа казнети за промашувањата.
– За жал, не успеавме да го затвориме натпреварот. Не донесовме правилни одлуки во последната третина. Се случува, сигурно можевме подобро, но не беше лошо – изјави Гвардиола.
На прашањето дали е задоволен од бодот, тој даде малку изненадувачки одговор.
– Па, да. Тоа е она што е. Во ред е, ова не е најпријатното место за гостување, а не сме ниту во најдобри времиња со оглед на повредите на дефанзивците и на Родри. За жал, не успеавме да победиме, додаде Каталонецот.