Зимска револуција на Пеп од најмалку 150.000.000!

од Vladimir Zorba
13 прегледи

Манчестер Сити дефинитивно ќе го одбележи јануарскиот преоден рок.

Како што пишуваат медиумите на Островот, Омар Мармуш ќе биде третото засилување оваа зима, бидејќи деталите го делат од заминување од Ајнтрахт на „Етихад“.

Флоријан Плетенберг откри дека Сити нуди 70 милиони, Ајнтрахт бара 80, па сигурно е дека „граѓаните“ ќе понудат дополнителни бонуси за затворање договор во следните 48 часа.

Тој додава дека сигурно е дека Мармуш нема ни да биде во составот за дуелот со Борусија Дортмунд и дека до викендот би можел да слета во Манчестер на лекарски прегледи и потпишување договор до 2029 година.

Фабрицио Романо потсетува дека во следните 48 часа ќе потпише и Абдукодир Хусанов, веднаш штом добие работна дозвола, а по него е Витор Реиш од Палмеирас.

Сити за Хусанов на Ленс ќе му плати 40 милиони евра, а исто толку на Палмеирас за Реиш. Така Пеп ќе добие млади дефанзивци на возраст од 19 и 20 години и очекува тој да се обиде да го игра Бразилецот како десен бек или стопер во формација со тројца централни дефанзивци.

Кога се ќе се собере, Сити за оваа тројка ќе плати околу 150 милиони евра, а таа бројка може да се зголеми за неколку милиони во случај на бонус како дел од трансферот на Мармуш.

Може ли Пеп да го оживее Сити вака во 2025 година?

Слични содржини