15
Александар Исак ја продолжи својата голгетерска серија во новата победа на Њукасл.
Исак со двата нови гола против Вулверхемптон го зазеде третото место на листата на најдобри стрелци во Премиер лигата. Прв е Мохамед Салах со 18 гола, а втор Ерлинг Халанд со 16.
Сепак, Исак би можел да го загрози рекордот кој го држи Џејми Варди, кој постигна гол на 11 последователни натпревари.
Исак постигна гол против Ливерпул, Брентфорд, Лестер, Ипсвич, Астон Вила, Манчестер Јунајтед, Тотенхем и Вулверхемптон.
Подолга серија од Исак имаат само Џејми Варди со 11 меча (август – ноември 2015 година) и Руд ван Нистелрој со 10 (март – август 2003 година).