Халанд потпиша десетгодишен договор со Манчестер Сити

од Vladimir Zorba
11 прегледи

Ерлинг Халанд потпиша десетгодишен договор со Манчестер Сити, кој ќе го задржи во клубот до 2034 година, соопштија од клубот.

Актуелниот договор на Халанд истекува во јуни 2027 година, но 24-годишниот, добитник на Златната копачка во Лигата за најмногу постигнати голови во последните две сезони, би можел да остане во клубот до 34-годишна возраст, пренесe Ројтерс.

Норвежанецот, кој пристигна во Англија од Борусија Дортмунд пред три години, постигна 111 гола на 126 натпревари за Сити, освојувајќи тројна круна во Премиер лигата, ФА Купот и Лигата на шампионите во својата дебитантска сезона под водство на Пеп Гвардиола.

Многу сум горд и среќен и со нетрпение очекувам да останам овде уште долго“, изјави Халанд.

„Разговарајќи со луѓето околу мене и поради поддршката што ја добивав во последните неколку години од раководството, од шефовите и од Пеп, тоа беше лесна одлука. Воодушевен сум“ додаде тој. „Сега можам целосно да се фокусирам на тоа да се подобрам бидејќи ќе бидам тука толку долго“.

Халанд собори рекорди во својата прва сезона во Англија, постигнувајќи 36 гола во Премиер лигата и 52 во сите натпреварувања.

Минатата сезона, кога Сити ја освои четвртата последователна титула во Премиер лигата, тој постигна 27 првенствени голови. Тој даде 16 од почетокот на оваа сезона.

Слични содржини