Ова е една од најздравите житарки, но малкумина ја јадат

од Vladimir Zorba
123 прегледи

Сè повеќе се стремиме кон некои модерни јадења и намирници, притоа заборавајќи на некои од оние што ги јаделе нашите предци и кои понекогаш се сметаат за храна на „сиромашните луѓе“. А оваа житарка е една од нив и ќе признаете дека не ја консумирате многу, а можеби и никогаш не сте ја пробале. Се работи за просо.

Просото е зрно со кружен изглед, малку сплескано и многу ситно. Има жолтеникава боја и сладок вкус. Пред да го изедеме мора да ја извадиме лушпата, а интересно е едно од оние зрна што не содржи глутен.

Се одгледува во Индија, Нигерија и други африкански земји, поради што се смета за античко жито. Зошто го спомнуваме сето ова? Затоа што, верувале или не, ова жито има бројни придобивки, но и причини зошто треба да го јадеме.

Една чаша варено просо има околу 207 калории, 41 јаглени хидрати, 6 грама протеини и 1,7 грама масти. Просото може да се пофали и дека е зрното со најголема содржина на калциум од сите житарки, пишува „Healthline“.

Бидејќи калциумот е неопходен за здравјето на коските, можете да направите врска дека самото просо е одлично за коските, крвните садови и правилната функција на нервите. Покрај тоа, може да помогне во контролата на нивото на шеќер во крвта, бидејќи содржи влакна и не-скробни полисахариди, кои се несварливи јаглехидрати кои помагаат во контролата на шеќерот во крвта. Затоа, препорачливо е луѓето со дијабетес да го консумираат. Просото се смета и за една од најдобрите намирници за бубрезите, како и појавата на камења или песок во нив.

Просото може да помогне и за намалување на холестеролот, а е одличен сојузник во борбата против вишокот килограми, особено ако не сакате да консумирате глутен.

Слични содржини