Сто производи со замрзнати цени во следните шест месеци во еден од големите ланци маркети. На листата основни прехранбени производи, средства за домаќинство, лична хигиена. Власта очекува и други трговци да ја следат практиката што ќе го заштити стандардот на граѓаните. Најави ќе се засилат контролите за спроведување на Законот за нефер трговски практики.
Трговците бараат да се прецизираат одредени законски одредби со акцент на ограничување на профитната маржа и на повратот.
Популарната мерка на владата новогодишна кошничка, којашто заврши на 15-ти јануари, граѓаните велат дека не вродила со плод, односно не влијаела позитивно на нивниот буџет. Стравуваат од нови покачувања на цените.
Власта демантира дека трпи притисок врз трговците, да не ги зголемуваат цените по завршување на мерката „новогодишна кошничка“.
„Локално“ веќе пишуваше на темите со мерките на Владата. Дел од аналитичарите сметаат дека тоа е популистичка мерка и дека потребно е Владата да не се меша на пазарот.
Дополнително, сметаат експертите, дека ако ваквите мали намалувања се користат како маркетиншки потег за да се прикаже позитивен ефект од владините политики, а во исто време нема контрола врз синџирите на снабдување и пазарната конкуренција, растот на цените е неизбежен.