Напаѓачот на Англија и Манчестер јунајтед, Маркус Рашфорд би можел да заврши во Барселона во зимскиот преоден рок, објави пред неколку дена италијанскиот инсајдер Николо Шира. Рашфорд е отфрлен од Манчестер Јунајтед и клубот сака да се ослободи од него бидејќи не се задоволни ниту со неговите игри ниту со неговото однесување. Барса го сака, но има проблем.
Како што објави каталонскиот весник „Спорт“, Барселона пред да размислува за доведување на Рашфорд мора да се ослободи од најмалку еден, а можеби и двајца играчи за да направи место на платниот список за ново име. Се споменуваат Ансу Фати и Ерик Гарсија. Ниту еден од нив не е заинтересиран за заминување и тоа и прави проблеми на Барселона. Ги прави и Борусија Дортмунд која, исто така, е заинтересирана да го доведе.
Рашфорд (27) во кариерата, која започна во 2015 година, го носеше само дресот на Јунајтед. Офанзивецот, најчесто користен на позицијата лево крило, одигра 426 натпревари за клубот од „Олд Трафорд“, постигнувајќи 138 голови и 63 асистенции. Тој е под договор до летото 2028 година.