Без разлика што е во бегство, постапката продолжува – вели Коцевски за Груби

од Nikola Popovski
44 прегледи

Во однос на Артан Груби, јавноста знае дека има меѓународна потерница, но, јавните обвинители и понатаму преземаат дејствија во однос на постапката. Без разлика што тој е во бегство, како и другиот осомничен, постапката и понатаму продолжува и јавноста ќе биде известена за евентуална новост, изјави денеска републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски околу евентуални нови информации за гонењето и целиот процес со обвинението и бегството на поранешниот министер и вицепремиер.

Запрашан дали е почната истрага за ставањето во фиока на предметот на екс-директорот на Сашо Мијалков, Коцевски информира дека се уште нема истрага и дека е во фаза на предистрага. Се прибираат докази.

-Во моментов јавноста е известена за дејсностите кои што се преземени од наша страна. Се води предистражна постапка, рече државниот обвинител.

Пред неколку дена, првиот полицаец во државата, Панче Тошковски информираше дека постојат оперативни информации за тоа каде се наоѓа Груби и стапено е во контакт со надлежните служби во рамки на државите за кои има добиено такви информации. Сепак, како што вели тој, официјална потврда од орган за тоа дали лицата се на нивна територија, моментално немаат.

Груби се бара со меѓународна потерница, а неодамна лидерот на ДУИ, Али Ахмети изјави дека „неговата локација е на албанските простори“.

Слични содржини