Навивачи мавтаат со паричници и картички кон судија за време на ВАР во Премиер лигата

од Vladimir Zorba
33 прегледи

Нотингем форест на домашен терен го совлада Саутемптон со 3:2 во 22.коло од Премиер лигата. Елиот Андерсон ги доведе домашните во водство во десеттата минута, а Калум Хадсон-Одои го зголеми водството во 28. минута. До полувремето веќе беше 3:0, откако напаѓачот на Нов Зеланд Крис Вуд постигна гол во 41. минута. Првиот гол за избраниците на Иван Јуриќ го постигна Јан Беднарек во 60. минута, додека Пол Онуачу во судиското надополнување го постави конечниот резултат.

Форест постигна четири гола на натпреварот, но еден беше поништен. Никола Миленковиќ погоди со глава во 64. минута по лошата реакција на голманот на Саутемптон, Арон Рамсдејл. Судијата Ентони Тејлор го призна голот, но потоа го провери видеото со инструкциите на ВАР-собата.

Додека Тејлор ја гледаше репризата на ВАР мониторот, навивачите на Форест мавтаа со паричници и банкарски картички пред него, како да се обидуваа да го поткупат да го признае голот. Тејлор не го направи ова, туку го поништи голот бидејќи соиграчот на Миленковиќ, Крис Вуд имаше влијание на играта, а претходно беше во офсајд позиција.

Форест е сензацијата на сезоната во Премиер лигата. Избраниците на тренерот Нуно Еспирито Санто имаат 44 бода, исто колку и Арсенал, или шест помалку од водечкиот Ливерпул, кој има и натпревар помалку.

Саутемптон е на дното во англискиот шампионат со шест бода, осум помалку од претпоследниот Лестер Сити.

Слични содржини