Порто станува 12-тиот клуб во португалскиот шампионат кој оваа сезона се разделил со својот тренер. Од клубот потврдија дека Витор Бруно нема уште долго да биде нивни тренер, а процесот за прекин на соработката е започнат.
„ФК Порто објавува дека започна преговори со Бруно за итно раскинување на неговиот спортски договор, кој е во сила од почетокот на оваа сезона“, се вели во соопштението на Порто.
Бруно му се приклучи на тимот во текот на летниот преоден рок, на местото на Франциско Консеисао. Иако во декември беше награден за најдобар тренер во лигата, лошите резултати ги принудија челниците на клубот да најдат ново решение за менаџерската позиција.
Порто моментално е трет во домашното првенство со 40 бодови, а отказот на 42-годишниот тренер доаѓа веднаш по поразот од Жил Висенте со 3-1.