СДСМ бара од власта да формира кризен штаб за решавање на проблемот со парното

од Nikola Popovski
41 прегледи

СДСМ попладнево обвини дека на првите минусни температури, власта и раководството на ЕСМ го оставија половина Скопје без парно. Според информациите, Центар, Ново Лисиче, Аеродром, Кисела Вода, Капиштец, но и други населени места се без греење.

Парно греење нема ниту во дел од училиштата и градинките, а родителите во повеќе општини добиле повик да дојдат да си ги земат децата, бидејки немаат парно греење.

-Двата системи се проектирани да функционираат на начин што ќе ја поделат обврската во затоплување – дел со парно а доминатен дел со струја. Сега кога граѓаните се оставени со саати без парно се принудени да бараат алтернатива, да вклучуваат греење на струја, да се згрејат на овие минусни температури. Аматерски од владата е што дозволи ова да се случи и што не го санира дефектот брзо, со што го загрозува снабудвањето и со струја и со парно. Целосна одговорност за хаосот во енергетскиот сектор е кај минстерката за енергетика, Сања Божиновска која нема капацитет да менаџира со овој важен сегмент, истакнаа од „Бихаќка“ и ги повикуваа надлежните веднаш да формираат кризен штаб.

АД ЕСМ Снабдување информира дека кај дел од потрошувачите ќе има намалена испорака на топлинска енергија поради зголемени загуби на вода во топлификациската дистрибутивна мрежа. Тврдат дека екипите активно работат на решавање на проблемот. Иако порачуваат дека брзо ќе биде нормализирано парното, граѓаните веќе неколку часа се мрзнат на ниски температури.

Слични содржини