Мишел Обама не се појави на инаугурацијата на Трамп, како што најави. Нејзиниот сопруг Барак Обама седеше сам со Лора Буш, сопругата на Џорџ Буш. Мишел е единствената прва дама која не се појави на инаугурацијата. Таа непосредно пред инаугурацијата се огласи на социјалните мрежи.
Таа објави фотографија од Мартин Лутер Кинг Џуниор, чиј ден се слави денес, и неговиот цитат „Секогаш е вистинското време да се направи вистинската работа“.
„Наследството од службата на свештеникот д-р Мартин Лутер Кинг Џуниор секогаш ме инспирира. На овој ден на Мартин Лутер Кинг, се надевам дека ќе ми се придружите во чествувањето на животот и наследството на д-р Кинг со вклучување во вашата заедница“, напиша поранешната прва дама на САД.
Откриено зошто не дошла
Според изворите, Мишел не дошла на инаугурацијата на Трамп бидејќи тоа би било во спротивност со нејзините верувања.
Оваа одлука е во спротивност со неодамнешните напори на нејзиниот сопруг, поранешниот претседател Барак Обама, кој се обидува да покаже единство на различни начини. Барак, покрај тоа што се појави на инаугурацијата, неодамна беше виден на погребот на поранешниот претседател Џими Картер како срдечно разговара со Трамп, а моментот на нивниот интимен разговор предизвика бројни реакции на социјалните мрежи.