ВО ЦЕНТАР СЕ МРЗНЕ: Топлификација не го реши проблемот со парното

од Nikola Popovski
752 прегледи

Иако вчера од ЕСМ Снабдување со топлина информираа дека во најкус можен рок е нормализирана испораката на парно за граѓаните од Скопје, делови од главниот град се уште имаат ладни радијатори. Жители на скопски Центар се мрзнат на минусни температури, па се принудени да се снаоѓаат со алтернативна решенија за да се стоплат.

Од државната компанија вчера прецизираа дека интервенцијата што е во тек е врз магистралниот вод А што поминува преку булеварот „Кочо Рацин“ – на потегот помеѓу Веро Центар и Олимписки базен. Сепак, проблемот за жителите од овој дел на градот очигледно се уште не е надминат и не се знае кога би се решил.

Раководството на ЕСМ Дистрибуција на топлинска енергија вчера обвини дека до проблемот дошло поради „негрижа и неодржување на дистрибутивната мрежа од претходното раководство сочинето од кадри на СДСМ и ДУИ“.

-Екипите на ЕСМ Дистрибуција на топлина продолжуваат со работа со вложување на максимални напори за што побрзо отстранување на дефектот, еден дел од А водот е бајпасиран, санацијата е во тек, но испоракаат на топлинска енергија тече непречено. Дефектот веќе е саниран, и граѓаните на Град Скопје ќе имаат повторно непречена испорака на топлина, објави вчера директорот Петар Милетиќ.

АД ЕСМ Снабдување вчера информира дека кај дел од потрошувачите ќе има намалена испорака на топлинска енергија поради зголемени загуби на вода во топлификациската дистрибутивна мрежа.

Најголемата опозициска партија СДСМ побара формирање кризен штаб за надминување на проблемот.

-Двата системи се проектирани да функционираат на начин што ќе ја поделат обврската во затоплување – дел со парно а доминатен дел со струја. Сега кога граѓаните се оставени со саати без парно се принудени да бараат алтернатива, да вклучуваат греење на струја, да се згрејат на овие минусни температури. Аматерски од владата е што дозволи ова да се случи и што не го санира дефектот брзо, со што го загрозува снабудвањето и со струја и со парно, рекоа меѓу другото од СДСМ.

Слични содржини