Трендафилов: Инфлацијата е над 10%, трговците се алчни

од Nikola Popovski
41 прегледи

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов денеска информираше дека синдикалната минимална кошничка за јануари 2025 година изнесува 63.252 денари. Во споредба со кошничката за декември 2024 година, е зголемена за 391 денар. Трендафилов на прес-конференција изнесе податок дека вредноста на делот за храна и пијалоци бележи зголемување за 63-те основни производи за 123 денари.

Првиот синдикалец оценува дека инфлацијата во Македонија е над 10%, според резултатите на синдикалната минимална кошничка, а не 3,5%. Дециден е дека „цените на производите фиктивно се намалувале, а трговците се богателе на грбот на граѓаните“.

-Трговците се алчни, со тоа што го користат скеој момент за да дополнително за да се збогатат. Тоа што сега го ветуваат дека во наредните месеци ќе ги задржат цените на основните производи е мамка за да не ги намалат цените на производите кои што на светските берзи се намалуваат. Според анализи на новинари, цената на житните култури е намалена за 13,6% минатата година, додека во овој месец, цената на лебот е намалена за само еден денар од 33 на 32. Нема намалување на цената на брашното, тестенените, солта, зејтинот, оцетот, турското кафе, квасецот, млекото, путерот, урдата…, кажа Трендафилов на прес-конференција.

За мерката „Новогодишна кошничка“, претседателот на ССМ посочи дека немало реално намалување на цените на околу 1000 производи.

-Ние како ССМ размислуваме во наредниот период да преземеме поригорозни чекори, за да им укажеме на граѓаните што е добро, а што е лошо. Сите ние знаеме дека во изминатите неколку месеци, трговците се покажаа како далеку лош пример за македонското економија, ако знаеме дека минатата година имаа енормни добивки и профити. ССМ ќе се погрижи да ги извади сите завршни сметки на големите синџири на маркети и да ги презентира граѓаните, потенцира Трендафилов.

Слични содржини