Алфонсо Дејвис ова лето нема да стане нов играч на Реал Мадрид, иако пред неколку недели се чинеше како завршена работа.
Како што денеска објави новинарот на Марка, Хозе Феликс Дијаз, Дејвис се предомислил и решил да потпише нов договор со Баерн Минхен, оставајќи го Реал без засилување.
Дејвис одлучи да стави крај на повеќемесечната сапуница и наскоро ќе потпише нов договор со Баерн бидејќи летово му истекува сегашниот.
Новиот договор на Дејвис со Баерн ќе важи до летото 2029 година, а Канаѓанецот ќе заработува 15 милиони евра по сезона.
Реал беше во преговори за трансфер на Дејвис минатото лето, но потоа одлучи дека не сака да плати обештетување туку ќе чека да му истече договорот на играчот и потоа да го потпише бесплатно, исто како што направија со Килијан Мбапе и Давид Алаба.
Овој пат тој план пропадна.