Изгоре хотел во ски-центар во Турција. Најмалку 66 мртви, луѓе скокале од прозорци

од Vladimir Zorba
43 прегледи

Најмалку 66 лица загинаа, а 51 се повредени во пожар што избувна во хотел во ски-центар на планината Бол во северозападна Турција. Гости во паника среде ноќ скокале од прозорците на зградата на хотелот во ски-центарот Карталкаја, изјави министерот за здравство Кемал Мемишоглу.

Пожарот избувнал околу 3:30 часот по локално време на спратот каде што се наоѓал ресторанот. Зградата на хотелот Гранд Картал има 12 ката, а во моментот на пожарот таму престојувале 234 гости.

Неколку противпожарни возила се уште се пред уништената зграда.

Слични содржини