Шпанија ќе им забрани на граѓаните на државите кои не се членки на ЕУ да купуваат недвижен имот

од Vladimir Zorba
16 прегледи

Шпанскиот премиер Педро Санчез најави дека на граѓаните на државите кои не се членки на ЕУ, вклучително и Британците, ќе им биде забрането да купуваат имот во Шпанија.

Санчез го објави планот на политички митинг, последна во низата мерки со кои сака да се справи со зголемувањето на цените на имотот и ограничената понуда, објави Скај њуз.

Говорејќи пред приврзаниците во неделата, Санчез рече дека неговата влада предлага да им се забрани на странците кои не се државјани на земја на ЕУ и на нивните роднини да купуваат куќи во Шпанија бидејќи тоа го прават, рече тој, „само за да шпекулираат“.

Слични содржини