Тензична дебата: „Глуп си ко точак“, „Изберете соодветен соговорник“ – му рече Најчевска на Богојески

од Nikola Popovski
3,5K прегледи

Тензична дебата вчера во емисијата „Само интервју“. Професорката и граѓанската активистка, Мирјана Најчевска ја напушти емисијата, револтирана од односот на претседателот на Македонски концепт, Петар Богојески. На зборовите на Богојески за „луди левичари на власт“, Најчевска одговори со „престанете, оставете ме да зборувам“.

-Глуп си ко точак, кажа професорката.

На тоа Богојески возврати дека „тие навреди може да ги чувате за вас бидејќи толеранцијата можете да ја пречекорите, а тоа не ви го дозволувам“.

-Вие се изгубивте и вечерва не знаете што говорите. Искрено ми е жал за вас, истакна претседателот на Македонски концепт, на што Најчевска го извади микрофонот и рече дека „јас со глупи како точак…извинете, изберете друг пат соодветен соговорник за мене“, по што го напушти студиото.

-Ова е глуп човек, додаде професорката.

Богојески само саркастично се насмеа на зборовите на Најчевска, по што дебатата продолжи само со него.

Слични содржини