Лече ја одби првата понуда од Манчестер Јунајтед за Патрик Доргу, пренесува Фабрицио Романо.
Според информациите, понудата била за 27 милиони евра плус бонуси. Сепак, италијанскиот клуб е подготвен да го продаде својот 20-годишен талент во случај на понуда од вкупно 40 милиони евра. И покрај првичното одбивање, двата клуба ќе продолжат да преговараат за данскиот интернационалец, кој може да игра и како бек и како крилен напаѓач.
Како што е познато, силен интерес за Доргу покажува и Наполи, а подготвен е и да го остави во сегашниот тим до лето.
Желбата на Лече е да го задржи младиот играч до крајот на сезоната за која зборува претседателот на клубот Стики Дамијани.
„Се сретнавме со Манчестер Јунајтед и им кажавме дека нашиот план е да ги задржиме нашите клучни играчи, вклучувајќи го и Доргу. Среќни сме што добивме понуда од Манчестер Јунајтед, но нашата главна цел е да останеме во Серија А“, изјави Дамијани за Sky Sport Italia.