38
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска ја истакна потребата да се засили поддршката за Украина, велејќи дека е од витално значење Русија да не победи во војната што ја води во таа земја, бидејќи тоа, според него, ќе ги охрабри Северна Кореја и Кина.
Тој додаде дека линијата на фронтот моментално се движи во погрешна насока, пренесува Ројтерс.
„Навистина треба да ја зголемиме, а не да ја намалиме нашата поддршка за Украина“, рече Руте на настанот посветен на Украина на Светскиот економски форум во Давос.