Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола изјави дека елиминацијата на неговиот тим од Лигата на шампионите сега е реалност, по поразот од Пари Сен Жермен во претпоследното коло од групната фаза.
Сити синоќа водеше со 2:0 во Париз, но загуби со 2:4 од Пари Сен Жермен во седмото коло од Лигата на шампионите и падна на 25. место. Според новиот формат на натпреварување, осумте првопласирани селекции директно ќе се пласираат во осминафиналето, а во плејофот ќе играат екипите од деветтото до 24-тото место.
– Ја имаме последната шанса на домашен натпревар против Бриж и се надевам дека ќе се пласираме. Тоа може да се случи, ако не победиме, не заслуживме да напредуваме. Тешко е, ова е реалноста, не освоивме доволно бодови и мора да го прифатиме тоа. Мораме да го направиме тоа што треба да го направиме, изјави Гвардиола, според Скај.
Сити ќе игра на домашен терен против Клуб Бриж на 29 јануари и мора да победи доколку сака да се пласира во баражот.
– Не можевме да се снајдеме. Кога некој тим е подобар однас, немам проблем да го прифатам тоа. Сега се подготвуваме за Челси и последниот натпревар против Бриж. Мораме да ги победиме – изјави шпанскиот селектор. -Тоа треба да го направиме, да преживееме и да се обидеме да продолжиме понатаму. Знам дека играчите се трудат и дека се сомневаат, но кога противникот е подобар од тебе, треба да го прифатиш тоа.
Запрашан дали 25-то место на табелата е фер одраз на перформансите на неговиот тим во Европа, Гвардиола одговори:
– Дали табелата е фер? Секако дека е. Кој е аргументот да се каже дека не е фер? На оваа позиција сме, се мачевме против квалитетни екипи. Мораме да го прифатиме и да се опоравиме, рече тој.
Сите 18 натпревари од последното коло во Лигата на шампионите се закажани за среда на 29 јануари од 21 часот. Директен пласман во осминафиналето досега обезбедија Ливерпул и Барселона, додека загарантиран пласман во осминафиналето имаат Арсенал, Интер, Атлетико Мадрид, Милан, Аталанта, Баер Леверкузен, Астон Вила, Монако, Феенорд, Лил, Брест, Борусија Дортмунд, Баерн Минхен, Реал Мадрид, Јувентус и Селтик.
Дефинитивно се елиминирани Болоња, Спарта Прага, Лајпциг, Жирона, Црвена звезда, Штурм, Салцбург, Слован Братислава и Јанг Бојс.