Диего Карлос е нов играч на Фенербахче

од Vladimir Zorba
13 прегледи

Поранешниот играч на Астон Вила, Диего Карлос, потпиша договор со Фенербахче до јуни 2028 година, соопшти денеска турскиот клуб.

Финансиските детали не беа соопштени, но британските медиуми објавија дека Фенербахче за овој трансфер платил 10 милиони евра.

Бразилскиот фудбалер последниот натпревар за клубот од Бирмингем го одигра на 30 декември минатата година против Брајтон.

Слични содржини