Од игри на среќа на „диво“ купиле три стана, две гаражи, „ауди“, „мерцедес“…Обвинителството бара одземање на имотот

од Nikola Popovski
114 прегледи

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, по спроведена истражна постапка, до Основнииот кривичен суд – Скопје поднесе Обвинителен акт против две лица кои изминатите четири години неовластено приредувале игри на среќа, а паричните средства што притоа ги стекнале ги пуштале во оптек и купувале движен и недвижен имот. Со преземените дејствија обвинетите сториле кривично дело Приредување на игри на среќа без лиценца односно дозвола од надлежен орган од чл.156 ст.3 од Законот за игрите на среќа и забавните игри, како и кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело од чл.273 ст.1 од Кривичниот законик.

Во исто време, со истражната постапка против овие двајца обвинети, која започна во ноември минатата година, се водеше и скратена постапка за уште две лица за кривично дело Перење пари и други приноси од казниво дело. Притоа, врз основа на спогодба, едно лице е осудено и му е изречена алтернативна мерка – условна осуда со утврдена казна затвор во траење од една година, која нема да се изврши доколку обвинетиот во рок од две години не стори ново кривично дело, а за другото лице е поднесен обвинителен предлог.

Обвинителството побара од судот обвинетите да ги огласи за виновни за делата што им се ставаат на товар и предложи да им биде одземен движниот и недвижниот имот стекнат со кривичните дела и тоа: три стана со помошни простории со површина од 32 м2, 95 м2 и 48 м2, две гаражи со површина од по 20 м2 и една од 16 м2, четири ПМВ и тоа марка „Ауди А7 Хибрид“, „Порше Е – Хибрид“, „Мерцедес Бенз“ модел „Е350 Блуетец“ и „Мини Оне Д“, два моторцикли марка „Пиагио“ и еден марка „Кавасаки Нинџа“, еден четирицикл марка „Сузуки“, мобилни телефони, лап топ компјутери и други електронски уреди, парични средства во износ од 500 евра и безмалку половина килограм златен накит.

Слични содржини