Се уште зборува за филмот Babygirl, еротски трилер со Никол Кидман (57) во главната улога. Актерката сега откри дали ќе го гледаат нејзините ќерки Сандеј Роуз (16) и Фејт Маргарет (14).
„Моите ќерки нема да го гледаат. Рекоа дека не сакаат. Ниту една од нив не е заинтересирана да ја види мајка си на тој начин“, прокоментирала Кидман за „Телеграф“.
Сандеј и Фејт се нејзините ќерки од бракот со Кит Урбан, додека таа ги посвои ќерката Изабела (32) и синот Конор (29) од бракот со Том Круз.
Да потсетиме дека актерката претходно зборуваше за снимањето на самиот филм. Таа откри дека во одредени моменти морале да прекинат со снимањето поради интензитетот на еротските сцени. Во интервју за The Sun, таа призна дека сцените со Харисон Дикинсон и Антонио Бандерас, кој го игра нејзиниот сопруг, понекогаш биле премногу напорни.
„Имаше огромна количина на споделување и доверба, а потоа и фрустрација. Беше како: „Не ме допирај“. Во одреден момент за време на снимањето си помислив: „Не сакам повеќе да имам оргазам. Не ми се приближувај. Мразам да го правам ова. Не знам дали сакам некој повеќе да ме допира во животот. Доста ми е. Тоа беше цело време, па речиси изгледаше како прегорување“, рече Кидман.
Кидман за оваа улога ја доби наградата за најдобра женска улога на филмскиот фестивал во Венеција, но не ја прифати лично затоа што во тоа време почина нејзината мајка Жанел. Во потресната изјава што ја пренесе режисерот, Никол истакна дека нејзината мајка е клучна фигура во нејзиниот живот и ѝ ја посвети наградата неа.