Почина Дражен Далипагиќ

од Vladimir Zorba
143 прегледи

Дражен „Праја“ Далипагиќ, еден од најголемите европски кошаркари на сите времиња, почина на 74-годишна возраст по тешко боледување.

Тој беше најдобар спортист на Југославија во 1978 година, член е на Куќата на славните Нејсмит во Спрингфилд и Куќата на славните на ФИБА, а беше избран за еден од 50-те луѓе кои најмногу придонесоа за Евролигата.

На клупски план, два пати стана шампион на Југославија, освои еден Куп, два Купа на Радивоје Корач (додека сè уште беше европско натпреварување) – сето тоа со Партизан. На национално ниво со „сините“ беше олимписки шампион (1980), светски шампион (1978), трикратен европски шампион (1973, 1975, 1977) и медитерански шампион (1975), а освои и неколку сребрени и бронзени медали.

Тој беше еден од најголемите стрелци во историјата на спортот. Според официјалните информации, тој во својата професионална кариера во најмалку 15 наврати постигнал повеќе од 50 поени. Спортската јавност се сеќава на натпреварот од италијанската лига во кој постигна 70 поени за Виртус Венеција, што е негов рекорд во кариерата.

Како тренер раководеше со Горица, МЗТ Скопје и Астра банка.

Слични содржини