Георгиевски им го честиташе празникот Св. Сава на „чистите Македонци кои размислуваат како Срби“

од Nikola Popovski
658 прегледи

Поранешниот премиер и актуелен лидер на ВМРО-Народна, Љубчо Георгиевски го честиташе српскиот празник Денот на Свети Сава и објави свое видување на случувањата во Македонија. Георгиевски сподели на „кои Срби им го честита празникот“.

-На сите Срби кои се доселени во Македонија и го нашле својот дом тука. На сите Србо-македонци (сами така се викаат) кои се автохони Македонци ама нивните предци пред три или четири генерации го земале српскиот идентитет. Велат дека Комунистите со сила ги македонизирале и сега имаат преродба со општа поддршка на општеството. Се радувам што нивната бројка станува поголема секој ден.

На чистите Македонци кои размислуваат како Срби. Нивниот геополитички поглед на светот е српски. Нивниот историски поглед на светот е српски. Се поистоветуваат со српската култура и посебно музика. Светскиот спорт го гледаат само преку српскиот спорт дури и наспроти македонскиот. Се велат Македонци ама дишат како Срби, стои во објавата на претседателот на ВМРО-Народна.

Георгиевски во повеќе наврати објави статуси на својот Фејсбук профил дека со новата Влада, „Македонија работи под српски диктат“.

Слични содржини