Трета суспензија: Батлер бара да го напушти Мајами и да замине во Феникс

од Vladimir Zorba
56 прегледи

Џими Батлер сака да го напушти Мајами и прави се што може за да го оствари тоа. Тој вчера самоиницијативно го напушти тренингот, по трет пат беше суспендиран поради кршење на клупската дисциплина, а помирување изгледа нема никогаш да има.

Како што пренесуваат американските медиуми, на Хит им станало јасно дека мораат да го трејдуваат Батлер, кому очигледно не му е грижа што со неиграњето ќе губи половина милион долари по натпревар. Постојат сите шанси новата дестинација да биде Феникс, бидејќи Батлер сака да оди таму.

Имено, Санс планираат да го спојат Батлер со Девон Букер и Кевин Дурент, но на Мајами не му требаат Бредли Бил, или можеби Јусуф Нуркиќ. Како што е американски обичај, веднаш почнаа да кружат приказни за вмешаност на неколку франшизи во целата оваа приказна.

Ќе видиме како сето тоа ќе заврши, но крајот на преодниот рок е 6-ти февруари во 21:00 часот по средноевропско време.

Слични содржини