Кузеска бара власта да ја намали цената на парно за да ги стимулира граѓаните

од Nikola Popovski
22 прегледи

Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска бара од ЕСМ да го повлече барањето за поскапување на парното. Според неа, зголемувањето на цената на топлинската енергија би било уште еден удар врз стандардот на граѓаните.

-Од друга страна е лошо и во однос на загадувањето на воздухот. Власта треба да ја намали цената на парното за да ги стимулира граѓаните да се вратат и повеќе да се приклучат на парно. Тоа ќе биде мерка којашто ќе влијае на намалување на загадувањето но и на намалување на цената на парното со вклучување на повеќе корисници, рече Кузеска на прес-конференција.

Друштвото за дистрибуција на топлинска енергија „ЕСМ Дистрибуција на Топлина“ Скопје на 18-ти декември поднело барање до Регулаторната комисија за енергетика, за коригирање на цените поради зголемените трошоци за гас. Според поднесеното барање, компанијата предлага зголемување на трошоците за гориво за 12,92%, што ќе влијае на крајната цена за топлинската енергија што ќе ја плаќаат потрошувачите.

Компанијата пред две години ја презеде топловодната мрежа од приватната „Балкан енерџи груп“ (БЕГ) и сега управува со парното греење во главниот град.

Претходната грејна сезона скопјани добија одлука за зголемување на цената на парното за нешто над четири отсто. Или пресметката велеше на сметка од 2000 денареи цената се зголеми за околу 100 денари. И тогаш клучна беше цената на природниот гас кој на ланскиот старт на годината имаше високи цени на овој енергенс на берзите, но голема беше и позајмицата на владата на компаниите од овој сектор. Сега работите се променети.

Слични содржини