73
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека има 17 советници, од кои четворица се со полно работно време во Владата, тие работат за хонорар од 60 до 90 илјади денари.
-Вкупно имам 17 советници и сите советници имаат плата во вкупна вредност од 60.000 денари, со исклучок на оние кои се со целосно, полно работно време. Такви се тројца или четворица, коишто се во Владата, и тие имаат месечен хонорар од 90.000 денари, изјави Мицкоски.
Мицкоски ја прифати забелешката на новинарите за необјавувањето соопштенија од владините седници.
„Ќе се потрудиме веднаш по оваа прес-конференција сите соопштенија што недоставуваа да ги објавиме на страната на Владата“, истакна Мицкоски.