Италијански брод со 49 баратели на азил пристигна во албанското пристаниште Шенѓин

од Milan1
12 прегледи

Бродот Касиопеа на италијанската морнарица утрово пристигна во албанското пристаниште Шенѓин. Во него се наоѓаат 49 баратели на азил кои ќе треба да бидат однесени во двата затворени центри што Италија ги постави во северна Албанија.

49-те баратели на азил главно доаѓаат од Египет, Бангладеш и Гамбија. Згора на тоа, според италијанскиот печат, во оваа фаза веќе нема „културни посредници“ на Меѓународната организација за миграција, кои во изминатите месеци преземаа дел од процедурите за идентификација. Тие веќе не се во Албанија.

Нивниот договор за соработка истече на 10 јануари и оваа одговорност привремено ја преземаат експерти избрани од италијанските власти.

Врз основа на нивната проценка, ќе се одлучува и дали барателите на азил припаѓаат на ранливи категории или групи граѓани кои се предмет на прогон, како и дали можат да останат во овие затворени структури додека не се испита нивното барање за азил.

Слични содржини