📸Јунајтед му зададе голем удар на Арсенал!

од Vladimir Zorba
156 прегледи

Манчестер Јунајтед ќе го привлече во својот тим младиот талент на Арсенал, Ејден Хевен. Веста ја откри трансфер стручњакот Фабрицио Романо, според кого се во врска со трансферот е веќе договорено. 18-годишниот играч од средниот ред важеше за еден од најголемите таленти во академијата на Арсенал. Сепак, тој ја одбил понудата на лондонскиот клуб за нов договор, како и понудата од Ајнтрахт Франкфурт.

Фудбалерот ја преферирал понудата на Јунајтед и сега се очекува да се упати во Манчестер на задолжителни лекарски прегледи пред да потпише договор со „црвените ѓаволи“.

Ова е голем удар за Арсенал, кој на овој начин веќе загуби еден играч, откако Чидо Оби-Мартин претходно реши да се пресели на „Олд Трафорд“.

Во овој момент, тешко дека Хевен ќе биде директно интегриран во првиот тим на Манчестер Јунајтед, откако прво ќе мора да игра за младинската академија на клубот. Сепак, „црвените ѓаволи“ се почесто им даваат шанса на своите млади таленти, па не е исклучено Хевен во одреден момент да добие шанса да покаже што може на највисоко ниво.

Слични содржини