Браќата Џејк и Логан Пол започнаа револуција во светот на боксот пред пет години кога, како поранешни Јутјубери и инфлуенсери, почнаа да заработуваат повеќе од најдобрите светски борци преку нивните егзибиции во рингот, а сега го објавија „моментот кој сите го очекуваат една деценија“ – меѓусебна борба.
Борбата треба да се одржи на 27 март и ќе се емитува на платформата „Max“, но се чини дека нема да биде професионална борба, туку само егзибиција. Таа се уште не е регистрирана на најважната боксерска веб-страница BoxRec, која не одржува егзибициски борби.
The moment you’ve waited a decade for… March 27th on @StreamOnMax pic.twitter.com/r7PO9Q8ExJ
— Jake Paul (@jakepaul) January 28, 2025
Џејк Пол (28) последен пат се бореше на 15 ноември против Мајк Тајсон и победи со едногласна одлука, а тој меч пред повеќе од 70.000 гледачи донесе повеќе од 18 милиони долари приход само од билети.
Неговиот постар брат Логан е најпознат по борбата со легендарниот Флојд Мејведер Јуниор, но таа борба не се бодуваше. Во последно време се зборуваше за негов дуел со поранешната суперѕвезда на УФЦ, Конор МекГрегор, но засега ништо од тоа, па времето ќе го пополни со егзибиција против својот брат, која на двајцата ќе им донесе нови милиони долари.