Американците „жестоко“ удрија на принцот Хари

од Vladimir Zorba
267 прегледи

Принцот Хари, кој живее во САД од 2020 година, неодамна беше критикуван во брутална статија објавена од магазинот „Венити фер“, пишува британски „Експрес“.

Написот, насловен „Inside Prince Harry and Meghan Markle’s Big Business Ambitions, Five Years After Their Royal Exit“, откри нови тврдења за војводата и војвотката од Сасекс.

Помалку брутално тврдење беше дека Хари би бил повеќе од среќен неговата сопруга Меган Маркл да биде главен извор на приход во семејството.

Зборувајќи за списанието Heat, извор рече дека Хари и Меган се чувствувале разочарани од написот.

„Овој напис беше ужасен на многу начини, и се разбира, Меган се чувствува целосно деградирана и разочарана“, рече изворот.

Зборувајќи за Хари, изворот додаде: „Хари е исто така изненаден – ова е целосен напад на двата нивни карактери, како некој да земал чекан и да го удрил речиси секој аспект од нивниот живот“.

„Тоа не може да се игнорира. „Венити фер“ има огромно влијание и кредибилитет во круговите на високото општество од двете страни на океанот, а опсегот на обвинувањата е исклучително широк и штетен“, се додава.

Според „Мирор“, Хари се подготвува за уште една голема судска битка оваа година околу обезбедувањето финансирано од даночните обврзници кога тој и неговото семејство се во Велика Британија.

Рочиштето е закажано за 8-ми или 9-ти април.

Се соочува со депортација?

Друг проблем со кој се соочуваат Хари и Меган е потенцијалното депортирање од Америка, сега кога Доналд Трамп повторно стана претседател.

Американската фондација „Херитиџ“ повторно отвори случај за да се заложи за објавување на документите за имиграција на принцот Хари, откако одлучи дека можеби неправедно му била дадена дозвола да влезе во САД.

Напорот за објавување на документите започна откако принцот Хари во својата автобиографија „Reserve“ од 2023 година откри дека претходно користел кокаин, марихуана и психоделични печурки, објави „Њузвик“.

Војводата од Сасекс е обвинет дека можеби лажел за неговата употреба на дрога кога аплицирал за виза или дека бил заштитен од претходната администрација на Џо Бајден.

Слични содржини