Приведени 28 осомничени за смртоносниот пожар во Турција

од Milan1
9 прегледи

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска соопшти дека се уапсени 28 лица во врска со пожарот во хотелот „Гранд Картал“ во ски-центарот Карталкаја, пренесе ТРТ-Хабер.

Меѓу уапсените се и сопственикот на хотелот и 18 други лица, кои се задржани во притвор.

Говорејќи пред пратениците на неговата владејачка Партија на правдата и развојот (АКП), Ердоган вети дека сите одговорни за трагедијата ќе бидат изнесени пред суд.

– Никој нема да избега од одговорност, нагласи турскиот претседател.

Според првичните истраги, системот за детекција на пожар не функционирал, а во областа немало итни тимови за брза реакција. Исто така, бројот на противпожарни апарати бил недоволен, а излезите за евакуација не ги исполнувале безбедносните стандарди.

Слични содржини