Владата конечно ги објави советниците на Мицкоски, меѓу нив се Ставрески, Пешевски и Вељаноски

од Milan1
99 прегледи

Владата ги објави имињата на 17-те советници на премиерот Христијан Мицкоски, а меѓу нив се и поранешните вицепремиери од владите на Никола Груевски, Владимир Пешевски и Зоран Ставрески и поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски.

Објавувањето на имињата доаѓа откако вчера на прес-конференција, премиерот беше прашан зошто не се објавуваат, исто како што нема ниту извештаи од владините седници.

„Вкупно имам 17 советници и сите советници имаат плата во вкупна вредност од 60.000 денари, со исклучок на оние кои се со целосно, полно работно време. Такви се тројца или четворица, кои се во Владата, и тие имаат месечен хонорар од 90.000 денари“, кажа вчера Мицкоски и рече дека веднаш ќе бидат објавени нивните имиња.

17-те советници на Мицкоски се:

1. М-р Амбасадор Сашо Марковски / Надворешен советник за надворешна политика и специјален претставник во процесот на преговори на претседателот на Владата со Европската комисија
2. Јоханес Хајдекер / Надворешен советник – интегриран експерт за зајакнување на капацитетот на економскиот тим во канцеларијата на претседателот на Владата за подготовка на целни документи за политики, анализи и совети до премиерот и координација со другите ресорни министерства при подготовка и имплементација на владините економски политики со јасна стратешка ориентација кон процесот на пристапување во ЕУ
3. Цветко Мицевски, Надворешен советник за инфраструктура
4. Проф. д-р Гоце Наумовски / Надворешен советник за прашања од областа на правото
5. Проф. д-р Лазар Јовевски / Надворешен советник за труд и социјална политика
6. Проф. д-р Александар Спасеновски / Надворешен советник за европски прашања
7. Снежана Трпевска / Надворешен советник за унапредување на образование, здравство и социјална заштита и спроведување на конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост
8. Владимир Пешевски / Надворешен советник за стратешки прашања од областа на економијата
9. Зоран Ставревски / Надворешен советник за финансии и банкарство
10. Горан Николовски / Надворешен советник за стратешки прашања од областа на безбедноста
11. Шенер Биљали / Надворешен советник за односи меѓу заедниците
12. Трајко Вељаноски / Надворешен советник за собраниски, политички и правосуден систем
13. Мимоза Рајл / Надворешен советник за култура
14. Љубчо Андоновски / Надворешен советник за национална безбедност
15. Проф. д-р Јован Пејковски / Надворешен советник од областа на политичките и економските науки
16. Проф. д-р Даме Димитровски / надворешен советник за животна средина и клима
17. д-р Игор Николов / Надворешен советник за реформи во здравството / (со 31.01.2025г. спогодбен прекин на договор, поради именување за Амбасадор)

Слични содржини