Ѓоковиќ: Ми пишуваат некролог во тенисот, татко ми прв го направи тоа

од Vladimir Zorba
258 прегледи

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ призна дека е свесен оти многумина веќе веруваат дека неговата кариера во спортот е завршена и дека е време да престане. Шампионот, кој има 24 Гренд слем титули, ова го изјави во интервју за магазинот GQ.

„Свесен сум дека луѓето веќе некое време го пишуваат мојот некролог во тенисот. Првиот кој почна да го прави тоа беше татко ми, иако не знам колку ќе биде среќен што зборувам за тоа, беше искрен Србинот.

Беше категоричен дека татко му сака да влијае врз него да ја заврши кариерата.

„Веќе некое време се обидува да ме убеди да се откажам, но не инсистира. Ја разбира и ја почитува мојата одлука, но често ме прашува што друго сакам да постигнам. Тој е целосно свесен за стресот и напнатоста кои влијае на психата и на моето тело“, изјави Ѓоковиќ, кој неодамна се повлече поради скинат мускул откако го загуби првиот сет од Германецот Александар Зверев во полуфиналето на Австралија Опен.

Слични содржини