По успешната граѓанска акција во Хрватска, за денеска е најавен бојкот на маркетите поради високите цени и во другите земји од регионот, а граѓаните се повикуваат да се воздржат од било какво купување. Акцијата е планирана во Македонија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Србија и Црна Гора, а во Словенија е во тек бојкот на одредени продавници.
На социјалните мрежи во земјава веќе неколку дена се шират повици за бојкот на маркетите, а дел се насочени и кон продавници, бензински пумпи, кафулиња и ресторани за денеска, петок 31 јануари.
Иницијаторите на акцијата ги повикуваат граѓаните да не купуваат ништо тој ден, однапред да ги обезбедат потребните намирници и да избегнуваат трошење пари во ресторани.
По Владата, институциите и ССМ го поддржува бојкотот на маркетите поради високите цени. Време е како што велат, трговците да разберат дека граѓаните се на прво место.
Од големите ланци за маркети најавија промоции, почнувајќи од денеска, а дел од нив планираат да прават попис токму денеска.
Од Владата најавија вонредни контроли во маркетите. Економистите велат дека е добро и Македонија да го следи примерот на други земји од соседството.
Последниот јануарски ден на граѓаните ќе им разјасни – дали и на пазарите се користи моментот да се заработи.