Граѓани најавија дека денеска излегуваат на протест по трагичната несреќа на булеварот „Партизански одреди“ во која загина младата Фросина Кулакова. Во објава на Фејсбук, граѓаните повикуваат на собирање и блокада на булеварот како израз на револт кон судската одлука. „Утре, освен што ќе ги ‘бојкотирате’ маркетите, појдете на ‘Партизанска’, пешачкиот кај Силбо, во 13:00 и заедно да го блокираме булеварот“, стои во повикот.
„Утре може да биде и твое дете. Не седи дома. Кога неправдата станува закон, отпорот е твоја должност“ – стои во друг повик. Ќе биде побара одговорност од надлежните, пред се од судските органи.
Сообраќајката се случи вечерта на 29 јануари, петнаесетина минути пред полноќ. Девојката поминувала на пешачки премин кога во неа удрил автомобил со кој управувал 20-годишниот Васил Јованов. Според наводите на Обвинителството, тој возел под дејство на алкохол, немал возачка дозвола и поминал на црвено. За 20-годишникот е побаран притвор.
Обвинителството поведе истрага – осомничениот 20-годишник без дозвола управувал автомобил во сопственост на неговиот татко. Бил под дејство на алкохол, поминал и на црвено светло.
Јованов претходно бил во притвор за дрога, но судот одлучил да биде испратен во Воспитно-поправниот дом во Тетово третирајќи го како помлад полнолетник. Јавниот обвинител ја обжалил одлуката и предметот во моментов е во жалбена постапка.
Граѓани вчера положуваа цвеќе и палеа свеќи на местото каде загина студентката по моден дизајн.