76
Американскиот државен секретар, Марко Рубио смета дека „нема сомнеж“ како Кина ќе го затвори Панамскиот канал во случај на конфликт со САД, и затоа Вашингтон има намера да го реши ова прашање, кое го гледа како закана за националната безбедност.
Рубио, само неколку дена пред да ја посети Централна Америка на своето прво патување во странство по преземањето на функцијата, рече дека САД се загрижени за кинеското влијание врз Панамскиот канал, кој е стратешки воден пат, објави Ројтерс.
Во својот инаугуративен говор на 20 јануари, Трамп ја обвини Панама дека го предал управувањето со каналот на Кина, тврдење што панамската влада категорично го негираше.