Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) одлучи дека поскапува цената за топлинската енергија за потрошувачите во Град Скопје и тоа за 5,03%. Основна причина за зголемувањето, како што рече Марко Бислимоски, е тоа што го предвиделе како цена во јули за природен гас, сега имало зголемен трошок и зголемена цена за 16%.
Трошокот на ЕСМ изнесува 50 евра за мегават час, но РКЕ ја зема во предвид цената на пазарот на природниот гас во државата и сметаат дека таа изнесува 43 евра за мегават час.
Втора причина за одлуката е тоа што јули предвиделе дека учеството на ТЕ-ТО во обезбедување на вкупните потреби на топлинска енергија ќе изнесува 60%, а од Топланите во Скопје ќе се обезбеди 40%.
Според Бислимоски, за одлуката за поскапување придонел растот на цените на природниот гас на европските берзи во последниот квартал од 2024 година, како и во јануари и во февруари оваа година кога повторно има ист таков тренд.
-Едно просечно домаќинство во Скопје кое имало месечен трошок од 2100 денари, сега ќе има сметка од 2200 денари, кажа првиот човек на РКЕ.