Протестот од „Партизанска“ се сели пред Кривичниот суд

од Nikola Popovski
122 прегледи

Мораме да го кренеме гласот, доста е – порачаа голем број граѓани, меѓу нив и студенти, барајќи одговорност по смртта на младата Фросина која беше прегазена на пешачкиот премин на булеварот „Партизански одреди“.

Претставници на студентите порачаа дека должност е да се побара и одговорност од судовите во земјава откако беше обелоденето дека 20-годишниот Васил Јованов кој ја предизвика трагедијата наместо во притвор за друго сторено кривично дело, бил на слобода, со оглед дека Обвинителството се жалело на одлуката на Судот да се прекине неговиот притвор и да биде сместен во поправен дом. Постапката се уште била во тек на жалба, па оттаму Јованов до моментот на усмртувањето на Фросина непречено се движел.

Граѓаните почнаа да се движат кон Кривичниот суд, од каде што рекоа дека ќе упатат нови пораки кон правосудниот систем во државата и институционална одговорност.

Слични содржини