22
Бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва изјави дека неговата влада ќе возврати ако американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ги зголеми царините за Бразилија, објави денеска Ројтерс.
„Многу е едноставно: ако ги оданочи бразилските производи, ќе има реципроцитет“, рече Лула на прес-конференција во Бразилија.
Тој додаде дека би сакал да има взаемна почит меѓу него и Трамп како двајца демократски избрани лидери.