Лекарскиот колегиум бара докторката Веселинка Митровска-Јосифова, којашто добила отказ, да се врати на работа. Причината за отказот е што доктората била физички присутна во кабинетот за бронхоскопија кога се вршела интервенција на вадење туѓо тело од дишните патишта на дете.
Од Универзитетската клиника „Козле“ велат дрското однесување и попречување на работата е недозволено и мора да биде санкционирано без оглед за кого се работи.
„Јавноста треба да знае дека секое лекарско однесување надвор од лекарската етика, а особено при извршување оперативен зафат над малолетно лице, мора да се санкционира за да нема лоши последици за кои потоа реакцијата би била задоцнета“, стои во соопштението од Универзитетската клиника „Козле“.
Со реакција и од опозициската СДСМ. Бараат разрешува на директорката.
-Последен е случајот со докторката Јосифова. Со 27 годиишно искуство оваа врвна докторка дрско е избркана од работа и оставена на улица, само затоа што се борела за детски живот. Посветена, искусна лекарка, која што загрижена за здравје на дете присуствувала при успешна лекарска интервенција Симовска ја брка. Ова е мобинг од невидени размери и класична неправда озоможена од ДПМНЕ. Па добро кој ќе ги лечи децата? Имате ли грам осет вие дека деца ќе нема кој да лечи? Или партијата ви е пред детските животи, прашаа од „Бихаќка“.
Министерот Арбен Таравари вели ќе го разгледа случајот. Разрешување на состојбата од него побара и сопругот на докторката која доби отказ.
Минатиот месец триесет доктори од Клиниката за респираторни заболувања „Козле“ со писмо до премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство бараа итно разрешување на директорката на болницата Каролина Симоновска, поради, според нив, самоволие.