Историја: Роналдо прв играч со 700 клупски победи!

од Vladimir Zorba
9 прегледи

Годините не му се важни! Кристијано Роналдо игра како „дечко“ во Саудиска Арабија. За Ал-Наср постигна 85 гола на 94 натпревари, а сега постави уште еден историски рекорд – никој во светот досега не успеал да оствари толку победи во клупскиот фудбал!

Ал-Наср вчера го совлада Ал-Раед со 2-1, а главната заслуга за триумфот ја имаше португалскиот ас Кристијано Роналдо кој постигна гол и асистираше.

Според шпанскиот весник „Марка“, Роналдо стана првиот фудбалер во историјата кој стигнал до неверојатни 700 победи на официјални клупски натпревари!

Ова не е единствениот рекорд за Роналдо. Тој веќе ја надмина магичната граница од 900 голови во кариерата, нешто што никој пред него не успеал да го постигне.

Роналдо нема намера да застане, што значи дека ќе собори уште некој рекорд.

Слични содржини