Нова понуда од 300 милиони евра пристигна во канцеларијата на Реал Мадрид

од Vladimir Zorba
19 прегледи

Реал Мадрид доби понуда од 300 милиони евра од Саудиска Арабија за Родриго, но самиот играч одбил да замине, пренесува шпанскиот новинар Еду Агире. Ниту клубот не сака да го продаде. Неодамна од истото место за иста сума беше дадена понуда за Винисиус Жуниор, според информациите кои се појавија. И во овој случај одговорот беше негативен.

И додека пазарот за европските клубови се затвора во понеделник (3 февруари), тој за Саудијците завршува денеска, поради што тие се особено активни во последните неколку часа.

На Родриго му била понудена плата од 140 милиони евра, но беше категоричен дека сака да остане во Реал. Понудата до Вини Жуниор била за 200 милиони евра за сезона.

Понудите не се конкретно од одреден клуб, иако се претпоставува дека веројатниот тим би бил Ал-Хилал, кој е шампион. Министерството за спорт на Саудиска Арабија едноставно сака да привлече повеќе ѕвезди во своето првенство, дури и да им даде можност да изберат свој тим.

Слични содржини