Афера „Шчесни“: Доведен како кризно решение, сега се заканува дека ќе направи хаос во соблекувалната

од Vladimir Zorba
395 прегледи

Тренерот на Барселона, Ханси Флик, може да создаде неочекувана тензија во соблекувалната со својот однос кон Војчех Шчесни. Првично донесен како замена за Марк-Андре тер Штеген, полскиот голман долго време беше чуван на клупата во корист на Ињаки Пења, но во последно време добива се повеќе можности за игра. Според инсајдерски информации од Каталонија, ова се повеќе ги нервира и навивачите и играчите на Блауграна.

Шчесни досега разочаруваше со своите игри, но и покрај тоа продолжува да ја ужива довербата на Флик, кој уште еднаш го направи прв голман на мечот против Валенсија и покрај големите грешки на мечот со Бенфика во Лигата на шампионите.

„Не се откажавме од Шчесни, тој останува важен играч за нас. Разбирам дека ситуацијата не е најдобра за Ињаки Пења, но по внатрешни дискусии донесовме одлука вечерва да го ставиме Шчесни на голот“, изјави Ханси Флик по демолирањето на Валенсија.

Според информациите кои ги пренесува „АС“, Пења не бил информиран за оваа одлука од тренерот и останал многу разочаран. 25-годишниот голман дури почна да размислува за својата иднина во каталонскиот клуб, бидејќи не сака да биде трет избор на гол по враќањето на Тер Штеген.

Одлуката ја донесе независно Флик, кој го претпочита искуството на Шчесни меѓу стативите, при што германскиот стручњак не го ни зема предвид мислењето на тренерот на голманите Хозе Рамон, кој исто така инсистираше да се врати Пења во стартниот состав.

Незадоволството на шпанскиот голман произлегува и од тоа што не го доби истиот третман како Шчесни по грешките што ги направи на почетокот на сезоната.

Сепак, сега полскиот голман добива многу посериозна доверба од Флик, кој се чини дека ќе продолжи да се потпира на Полјакот и покрај неговата неубедлива игра на натпреварите против Реал Мадрид, Бенфика, па дури и против Валенсија.

Слични содржини