Четиригодишно дете починало во Струшката болница

од Vladimir Zorba
37 прегледи

Четиригодишно дете утрово починало на Детското одделение во Струшката болница, соопшти денеска СВР Охрид.

Според информацијата, случајот во полиција бил пријавен во 9:50 часот од медицински лица од Општата болница во Струга.

– Медицински лица од Општата болница во Струга е пријавено дека, на Детското одделение во болницата било донесено четиригодишно дете од Струга, кое извесно време било во тешка здравствена состојба. И покрај итно укажаната медицинска помош, починало, изјави портпаролот Стефан Димоски.

Полицијата во координација со јавен обвинител, презема мерки за целосно расветлување на настанот.

Слични содржини