Рудигер ќе биде надвор од терените околу три недели

од Vladimir Zorba
5 прегледи

Дефанзивецот Антонио Рудигер ќе пропушти дел од сезоната за шпанскиот фудбалски клуб Реал Мадрид поради истегнување на тетивата.

Повредата ја заработи при поразот од Еспањол во саботата. Повредата е на десната нога и германскиот интернационалец најверојатно ќе биде надвор од терените во следните три недели.

Рудигер нема да игра на претстојнотодерби со Атлетико Мадрид и на првиот меч од Лигата на шампионите против Манчестер Сити. Дефанзивецот најверојатно ќе отсуствува од реваншот, но тоа не е единствениот проблем за тренерот Карло Анчелоти. Аут е и Едер Милитао, а Дaвид Алаба само што се враќа од лекувањето на повредите.

Анчелоти веќе беше принуден да го користи играчот од средниот ред, Аурелиен Чуман како дефанзивец.

Слични содржини