„Забранети се партиски обележја“: Почна протестот под мотото „Кој е следен“

од Vladimir Zorba
123 прегледи

Во Скопје денеска на булевар „Партизански Одреди“ кај Универзална сала започна протест под мотото „Кој е следен?”. Протестот е реакција на случајот со Фросина Кулакова и инцидентите со неконтролирано возење и неказнување, кои резултираат со трагични последици.

„Безбедноста е право, не луксуз“, „Ако корумпиран систем живее, народот умира“, „Денес правда за Фросина, утре за сите нас“, „Не е кобно местото, туку луѓето и системот“, „Her future stolen, his privilege exposed“, „Партизанска не е Формула1“, „Улиците не се тркачки патеки“ се дел од транспарентите, кои ги носат учесниците на протестот.

На протестот се присутноти и членови на семејството на Фросина Кулакова.

Од организаторите на протестниот марш објавија правила и препораки за однесување.

1. Почитувајте ги инструкциите на редарите
2. Движете се постојано по рутата на маршот и во насоката по која маршираат присутните
3. Забранети се партиски обележја – протестот е граѓанска иницијатива и не смее да се партизира
4. Избегнувајте секакви провокации и не реагирајте на истите. Не се впуштајте во конфронтација
5. Забрането е носење на остри предмети, оружје, приотехники и слични предмети
6. Почитувајте го јавниот простор – одржувајте чистота и не оставајте отпад. Забрането е уништување на јавен и приватен имот“

Слични содржини